Македонија
15. March 2016 - 19:39

Дојран град на културата

Манифестацијата „Дојран-град на културата за 2016 година“ ќе стартува на 19 март со голем концерт на кој ќе настапат Каролина Гочева, Даниел Кајмакоски, ДНК, и многу други.

Сите културни програмски содржини  ги финансира Министерството за култура.

Предвидени се музички манифестации од сите жанрови,  ликовни колонии, драмски фестивали, поетски читања, промоции, изложби и концерти.

Во програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации и таа ќе содржи активности од сите структури. 

Титулата „Град на културата“  се доделува по  тринаесетти  пат.