Балкан
25. December 2016 - 13:33

„Дојче Веле“: Во Косово зајакнува радикалниот Ислам

Експертите предупредуваат дека во последниве години, под влијание пред се на Саудиска Арабија, во Косово зајакнува радикалниот Ислам, кој се повеќе го потиснува либералното исламски учење што досега беше доминанто во овој дел на Европа, наведува „Дојче Веле“.  

Германскиот медиуми истакнува дека под влијание на ова ново исламско учење, од 2012 година, па досега, вкупно 316 лица од Косово и се приклучиле на џихадистичката група Исламска држава (ИД).  

Портпаролот на косовското Министерство за внатрешни работи Баки Келани во изјава за „Дојче Веле“ вели дека според податоците на властите во Приштина, од овие лица досега загинале 58, а 117 се вратиле во Косово.

Според Келани, косовските власти повеле истрага против 237 лица поради сомнеж за учество во организирање и извршување на терористички дела, за регрутирање на борци за ИД и за поддршка и финансирање на терорзимот. Од 2013 година, па досега, во врска со овие обвиненија се уапсени 127 Косовци.

„Дојче Веле“ наведува дека радикалниот Ислам станува се поголем проблем во Косово, каде мнозинството од жителите се муслимани, а како причина за ваквата појава го наведува и тоа што косовските власти и покрај големата меѓународна поддршка, не успаваат да се справат со егзистенцијалните проблеми на граѓаните.

Радиото посочува дека главни проблеми на жителите на Косово се сиромаштијата, високата стапка на невработеност која достигнува до 40 проценти и чувството на бесперспективност, кое е особено изразено кај младите. Поради ова, според „Дојче Веле“, многу ксоосвки муслимани, пред се млади, се вртат кон радикалниот Ислам, како начин за изразување на своите фрустраци. 

Според експертите, околку 50.000 Косовци денес се следбеници на радикалниот конзервативен Ислам. Меѓу нив најголемиот број се Албанци, но има и Роми, Турци и Бошњаци.

Денес во Приштина, но и во другите косовски градови, се почесто можат да се видат девојки кои носат традиционални муслимански марами на главите, нешто што беше реткост пред 15 години, наведува „Дојче Веле“.

Според Љуљзим Пеци од Косовскиот институт за политички студии (КИПРЕД), 57 отсто од косовските Албанаци, првенствено го нагласуваат своето албанско етничко потекло, додека 32 проценти при изразувањето на својот идентитет приоритет и даваат на муслиманската верска припадност, а дури потоа на своето национално чувство.

- Кај овие луѓе гледаме поместување на идентитетот од лингвиситчко-етничката припадност, одноно нацијата, кон верската припадност, вели Пеци за „Дојче Веле“.

Политикологот Агон Демјаха оценува дека косовските политичари и партии долго време биле неодредени и нерешителни кон феноменот на ваквата промена на идентитетот на жителите на Косово со муслиманска вероисповед, додека социлогот Смајл Хасани причината за оваа појава ја гледа во лошиот образовен систем.

Според германското радио, радиклаизацијата на косовските муслимани почнала по војната во 1999 година, кога Саудиска Арабија, Кувајт и дриги исламски земји почнаа да инвестираат големи средства во обнова и изградба на муслимански верски објекти и во помош на сиромашните.

- Денес во Косово постојат 742 џамии, а има и други муслимански установи, како училишта за проучување на Куранот. Но, заедно со парите и проповедниците во земјата стигна и еден поинаков Ислам, заклучува „Дојче  Веле“.