Дојави за бомби во молови, Железничка, училишта, полициска станица - половина град евакуиран
Нови дојави за поставени бомби го блокираа половина Скопје. 12 објекти во исто време добиле заканаувачки пораки дека има поставено екплозивни направи - ТЦ Ист гејт, ТЦ Бисер, Флатрон, Транспортен Центар, Железничката станица, седум средни училишта и за прв пат полициската станица во Центар се најдоа на мета на дојавувачите. Увидот на антитерористичката единица при МВР утврдил дека станува збор за лажни дојави.
Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од МВР.
Граѓаните и вработените кои во моментот на дојава биле во трговските центри раскажуваат дека евакуацијата се одвивала брзо, а полицијата ги затворила сите приоди до објектите.
За првпат и во ТЦ Бисер каде има голема фреквенција на луѓе била испратена пријава за ваква вознемирувачка порака. Граѓаните вознемирени бараат институциите поажурно да работат во пронаоѓање на лицата кои ги испшраќаат пораките.
Утрово на мејл адресата на седум средни учулишта била испратена иста порака за поставена бомба.
МВР засега не открива дали има нови осомничени за последните дојави за бомби во кои за прв пат дојави имаше и во државни институции односно објектот на Народната банка каде се сместени една банка, Централниот регистар и одделение на УЈП. Пред само два дена нови пораки добија и 9 средни скопски училишта. За министерот Спасовски серијата дојави до скопските училишта и институции во изминатиот период биле класичен пример за хибридни закани . Досега истрагата покажа дека сите ојави се лажни.
Речиси два месеца од првата дојава МВР има поднесено само една кривична пријава за сторено дело тероризам против малолетник кој испратеил заканувачки пораки до четири училишта.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
