Дојави за бомби испразнија 8 скопски средни училишта
„Го мразиме овој свет...ќе го кренеме училиштето во воздух, ќе има илјадници мртви деца“
Oва е дел од пораката со дојава за поставена бомба испратена до осум средни училишта во Скопје. Заканта пристигнала на службените меил адреси. Директорот на Гимназијата Орце Николов, вели дека пораката била подолга, содржела и вулгарна содржина, а завршувала со зборовите, „Сите ќе умрете“!
Околу пладне училиштата Орце Николов, Никола Карев, Јосип Броз Тито, Раде Јовчевски – Корчагин, Боро Петрушевски, Кочо Рацин, Владо Тасевски и Лазар Танев ја добиле пораката дека во објектот е поставена бомба, па откако била информирана полицијата, наставата ја прекинале со училишното ѕвоно.
Повеќе до два часа антитеростички единици на МВР и кучиња трагачи ги пребаруваа училишните згради на осумтте средни во Скопје. Двиежењето околу објектите беше забрането, а полициските екипи беа придружувани од медицински тимови.. Деталната проверка не открила експлозив во училиштата.
Заканата за експлозив, целосно ја прекина денешната настава во училиштата.
Од сојузот на среднпшколци по лажната дојава за бомби, побараа од безбедносните и училишни служби да бидат професионлани и и да ги заштита учениците но и сите вклучени во образовниот процес. Од училиштата информираа дека наставата продолжува утре.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар