Македонија
7. February 2023 - 16:34

Дојави за бомби испразнија 33 основни училишта во Скопје

Дојавите за бомби во триесетина основни училишта во Скопје на улица ги извадија учениците и наставниците. Родители,  но и повозрасните членови на семејствата, побрзаа да си ги приберат децата и внуците кои измрзнаа на студот. Поради вонредната ситуација мораа да ги остават своите домашни и работни обврски. 

Во основното училиште Коле Неделковски велат дека ова не е прва ваква закана, веќе знаат како да реагираат, но процедурите и губењето часови се вистински проблем. 

Од Министертвото за внатрешни работи соопштија дека дојави за поставена експлозивна направа имало стигнато на адреса на 33 училишта, по што полициските службеници презеле мерки за безбедно евакуирање а преземени се безбедносни проверки и мерки  за расчистување на случајот. 

Денеска (07.02.2023) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.