Доизградба на атмосферската канализација во Дебар
Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска ја посети општина Дебар и со градоначалникот Ружди Љата го означија почетокот на реализација на проектот „Доизградба на атмосферска канализација на град Дебар“.
- Продолжува добрата соработка на Министертвото со општините, посебно со Дебар. Овој проект, кој почнува со реализација денеска, го кофинансираат Министертвото за животна средина и просторно планирање и општина Дебар, во вкупен износ од 4 милиони денари. Од нив 2,5 милиони денари се на Министертвото, а останатите на општина Дебар, рече Ахмети.
Градоначалникот Љата информира дека станува збор за изградба на атмосферска канализација од градската пошта до поранешната пекара „Клас“ и се до патот кој населбата Ќернаница, ја поврзува со регионалниот пат Дебар-Струга.
- Со претходно изградената атмосферска канализација на главната улица, еднаш засекогаш ќе го надминеме проблемот присутен со денецении, рече Љата.
Тој потсети дека на главната улица изградена е атмосферска канализација во должина од 800 метри, проект вреден 80.000 евра, средства добиени од Министертвото за животна средина и просторно планирање.
Министерот Ахмети и градоначалникот Љата дискутирале и за други проекти, како изградба на пречистителна станица на отпададни води.
Ново на Сител
-
Во текот на една недела санкционирани 136 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Њујорк тајмс: Трамп ќе разговара за прекин на воената помош за Украина
-
Лондон: „Нема договор“ за предлогот за делумно примирје во Украина
-
Џејмс ја оствари јубилејната 1.000 победа во НБА
-
Консеисао не планира да поднесе оставка по поразот од Лацио
-
Манчестер јунајтед сака да го купи договорот на Осимен
-
Барселона се врати на врвот со убедлив триумф над Реал Сосиедад
-
Приведен 25-годишен крадец во Гостивар