Македонија
3. October 2016 - 14:50

Доизградба на атмосферската канализација во Дебар

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска ја посети општина Дебар и со градоначалникот Ружди Љата го означија почетокот на реализација на проектот „Доизградба на атмосферска канализација на град Дебар“.

- Продолжува добрата соработка на Министертвото со општините, посебно со Дебар. Овој проект, кој почнува со реализација денеска, го кофинансираат Министертвото за животна средина и просторно планирање и општина Дебар, во вкупен износ од 4 милиони денари. Од нив 2,5 милиони денари се на Министертвото, а останатите на општина Дебар, рече Ахмети.

Градоначалникот Љата информира дека станува збор за изградба на атмосферска канализација од градската пошта до поранешната пекара „Клас“ и се до патот кој населбата Ќернаница, ја поврзува со регионалниот пат Дебар-Струга.

- Со претходно изградената атмосферска канализација на главната улица, еднаш засекогаш ќе го надминеме проблемот присутен со денецении, рече  Љата.

Тој потсети дека на главната улица изградена е атмосферска канализација во должина од 800 метри, проект вреден 80.000 евра, средства добиени од Министертвото за животна средина и просторно планирање.

Министерот Ахмети и градоначалникот Љата дискутирале и за други проекти, како изградба на пречистителна станица на отпададни води.