Македонија
24. April 2023 - 16:31

Договорот со Бехтел и Енка се уште не стаса ни до Обвинителството ни до пратениците

И по две недели контроверзни информации, се уште никој надвор од Владата не го видел Договорот со Бехтел и Енка вреден 1,3 милјарди евра кој од вчера е во сила, а министерството за транспорт и врски најави дека почнале и подготвителни геодетски мерења за делниците.

Иако премиерот Ковачевски уште минатата недела најави дека со класифицирани делови поради деловна тајна документот ќе биде доствен на проверка во Обвинителството од таму велат дека до нив се уште не е стигнат никаков Договор.  Достава од Владата побарале и од Антокурпциската комисија, но и таму до сега не е стигнато ништо. Антокорупцинерите се надеваат дека Договорот сепак ќе го добијат бидејќи се уште не е истечен рокот од 15 дена од кога го поднеле барањето.

Што пишува во Договорот за изградбата на Коридорите 8 и 10  се уште не прочитаа ни пратениците со безбедносен сертификат.  Нема информација ни од кабиентот на Џафери дали Договорот воопшто е стигнат во парламентот и дали  се планира посебна Комисија или седница за да биде презнетиран од Владата и преговарачкиот тим, како што најавуваат и премиерот Ковачевски и координаторот на прокетот, првиот вицепремиер Груби. И двајцата тврдат дека не кријат ништо и дека голем дел од прашањата биле одговорени.

Но, освен што Договорот останува тајна, власта во парламентот времено ја стопира и работата по измените на законот за работни односи за 60 часовна работна недела поради илјада амандмани на Левица.  СДСМ, ДУИ и Алијанса се уште бараат начин како да ги премостат овие амандмани со груширање,или пак, со поднесување на законот со европско знаменце.

Од друга страна, од опозциската ВМРО-ДПМНЕ која го добила Договорот од свиркачи почнаа да ги бројат пеналите што државата треба ги плаќа поради недонесените законски решенија.

За власта пак, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прават хајка против проектот.

И од ДУИ со обвiнувања дека опозицијата ширела хистерија за Договорот и дека била против САД и Албанците.

„Единствена метода на работа на ВМРО е блокадата. ВМРО е против се и секого. ВМРО шири хистерија во јавноста и го плаши народот без никаква основа со замислени и измислени заговори и сценарија. Ниту се платија 53 милиони евра, ниту се оствари било што од тоа што трвдеше и ветуваше ВМРО“.