Македонија
29. јуни 2018 - 16:40

Договорот оспорен пред грчкиот Врховен суд

Грчки федерации и асоцијации на Македонците од дијаспората бараат од Врховниот суд во Атина да го поништи договорот за името. Од највисокиот суд во Грција бараат да бидат повлечени и писмата до НАТО и ЕУ за тргање на грчкото вето за Македонија. Грчката федерација на културни здруженија на Македонците и Пан- МАкедонските асоцијации на Македонците од дијаспората на 32 страници детално ги објаснуваат ставовите со кои ги поткрепуваат барањата. Според нив, со договорот од Преспа е прекршен Уставот бидејќи грчката Влада стави потпис и покрај противењата на грчкиот народ да се направи било какво отстапување на името.

– Договорот нѐ навредува нас како Македонци, бидејќи ни го одзема правото да се викаме Македонци (принудени сме да ги објаснуваме фуснотите од договорот на министерот за надворешни работи дека сме антички, а другите се со словенско потекло кои го зборуваат словенскиот македонски јазик, додека ние античкиот македонски, односно грчки! Односно смешни работи!)

Според организациите преспанскиот договор, прекршува уште еден член од Уставот на Грција, според кој  пред да се потпише договорот потребно е гласаање во парламентот, со зголемено мнозинство бидејќи вклучува промена на географски термини.