Македонија
7. February 2021 - 17:11

Договорот ќе биде потпишан утре, вакцините ќе стигнат по 15 февруари

200.000 дози од кинеската вакцина на синфорам на скопскиот аеродром ќе пристигнат по 15 февруари, дознава Сител од високи извори вклучени во преговорачкиот процес. За вакцините ќе биде обезбеден специјален карго транспорт, а министерството за здравство веќе има подготвено план за прием и дистрибуција на дозите. 

Од кинеската амбасада, која е посредник во разговорите не откриваат детали. Официјално велат: 

Бидејки разговорите се помеѓу минситерството за здравство на Северна Македонија и кинеските компании, подобро е информациите за најновиот развој на настаните да ги побарате во министеството, велат од амбасадата за Сител. 

Од министерството за здравство пак велат дека не сакаат да шпекулираат со датуми. 

- Утре ќе биде потпишан договорот меѓу Синофарм и министерството за здравтсво и кога ќе бидат прецизирани деталите ќе биде информирана и јавноста, велат денеска од МЗ за Сител.  

Првичните најави од премиерот беа дека вакцината ќе пристигне помеѓу 10 и 15 февруари. Според информациите кои беа соопштени на вчерашната прес конференција до крајот на неделата треба да биде готов и посебниот веб портал на преку кој граѓаните ќе може да искажат интерес за вакцинирање. Освен преку порталот можност за закажување ќе има и преку системот мој термин. 

Преку Ковакс системот во текот на март ќе пристигнат и вакцини на Астра Зенека. Македонија е отворена за набавка на сите вакцини , но според министерот засега не се планираат преговори за набавка на руските вакцини.