Договорена нова декларација за независност на Каталонија

Три партии кои се залагаат за независност на Каталонија, кои имаат 70 од вкупно 135 места во регионалниот Парламент во Барселона, се согласија за текст на резолуција со која планираат да го продолжат „патот кон самоопределување“.
Со тоа дадоа заеднички одговор на пресудата на шпанскиот Врховен суд, кој пред 11 дена осуди дванаесет каталонски лидери поради организирање на забранет референдум за независност во 2017 година. Декларацијата не е обврзувачки документ, но каталонските заговорници за независност со неа сакаат да покажат дека изјаснувањето на референдумот е волја на народот. Во текстот „се брани правото на самоопределување и суверенитет на народот на Каталонија, да може да ја одреди својата политичка иднина“.
Партиите „Заедно за Каталонија“, „Каталонска републиканска левица“ и „Кандидатура на народното единство” резолуцијата ќе ја испратат на гласање во каталонскиот Парламент, и ќе ја усвојат со оглед на тоа што имаат мнозинство. Таа е спротивна на одредбата на Врховниот и Уставниот суд кои со во своите пресуди наведоа дека шпанскиот Устав не дозволува референдум за независност. Претседателот на каталонскиот Парламент Роџер Торент одобри гласање за декларацијата.
– Ќе ги преземеме сите можни последици, правни и лични, со цел во Парламентот да може да се зборува за се, изјави Торент.
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
