Договорена исплата на платата во МЖ Транспорт во среда
До среда во 15:30 часот на вработените во МЖ Транспорт да им биде исплатен вториот дел од платата за јули, а наредните плати да не го надминуваат месецот за исплата, договориле на денешната средба претставници на четири синдикати од Македонски железници Транспорт, Министерството за транспорт и менаџерскиот тим на МЖ Транспорт.
Доколку не се исплати платата согласно договореното в четврток на пладне започнува генерален штрајк, соопштија НСПМЖ и синдикалните организации МЖ Транспорт, на вработените на подружница Влеча на возови и на Независниот синдикат на машиновозачите и железничарите.
На денешниот состанок, се вели во соопштението, е постигната согласнот во наредниот период да се договори пресметка на плата во МЖ Транспорт со квалитетот во основицата.
Четирите синдикални организации соопштија и дека добиле поддршка за барањата од Синдикатот на машиновозачите на Македонија.
Претходно синдикатите најавија активирање на штрајкот бидејќи, како што тврдат, раководството не го исполнило договореното за исплата на вториот дел од платата до 25 август. Тие бараат и да се исплатат јубилејните награди за вработените кои исполнуават услов согласно со одредбите од Колективниот договор, како и да се разгледаат и преиспитаат изречените санкции кон дел од вработените.
Од раководството на МЖ Транспорт укажуваат дека во изминатите четири месеци заради блокадите од грчка страна, Солунското пристаниште и штрајкот на работниците на Грчките железници, Македонски железници претрпеле директна штета од пет милиони евра што придонело за тешкотии во тековното работење и исплатата.
Во случај на активирање на штрајкот, синдикатите најавуваат дека меѓународните возови ќе сообраќаат, а во локалниот патнички сообраќај само по еден пар возови.
Ново на Сител
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез