Договорен датум за воспоставување дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Кипар

На маргините на бизнис конференцијата на „Економист“, што вчера и денеска се одржува во Атина, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров имаше средба со својот кипарски колега Никос Христодулидис, на која е договорен датумот за воспоставување дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Кипар.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Димитров и Христодулидис се договориле дипломатските односи меѓу двете земји да бидат воспоставени „на крајот на август, за време на овогодишниот министерски состанок во Финска“.
Електронското издание на грчкиот весник „Катимерини“ објави дека се очекува договорот за воспоставување на дипломатските односи да биде потпишан за време на средбата на министрите за надворешни работи на земјите членките на ЕУ во Финска на 29 август.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
