Договор за соработка на Музејот на современа уметност и Регионалната алијанса на ICOM SEE
Музејот на современа уметност во Скопје и Регионалната алијанса на ICOM SEE денеска ќе потпишат договор за идната соработка на полето на заштитата на културното движно наследство.
Во рамки на денешната завршна едукативна работилница за реорганизација на депоата по методологија RE - ORG водена од двајца едукатори од ЦИК (Централен институт за конзервација) од Белград (Вељко Џикиќ и Наталија Ќосиќ) лиценцирани за проектот RE - ORG, излагање ќе имаат организаторите на работилницата, претседателот на Регионалната алијанса ICOM SEE Мила Поповиќ Живанчевиќ и дел од учесниците.
Со овој проект, Музејот се вклучува во меѓународните активности поврзани со сегментот заштита на културното движно наследство преку, кој меѓународниот совет на музеи воспоставува пракса да им помогне на музеите во земјите од Југоисточна Европа. МСУ е првата институција во Македонија која ја спроведува таа соработка.
На работилницата ќе учествуваат по двајца претставници од шест национални музеи од Македонија: Археолошкиот музеј, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба, Музејот на град Скопје, Националната галерија на Р.Македонија, и Музејот на современата уметност.
Целта на едукативната работилница е преку теоретски и практичен дел да ги воведе учесниците во современите методи и стандарди поставени од ICOM и ICCROM – Рим во доменот на ракување со музејските предмети, создавањето на услови за нивна заштита од несакани дејствија, во протоколот за внесување и изнесување на предметите т.е. делата, во водење на соодветна документација, безбедносни системи....
Ново на Сител
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
19-годишник кој превезувал мигранти бегајќи од полиција удрил во работна машина на пат
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025