Бизнис
23. October 2017 - 19:47

Догодина стартува мерката поврат на ДДВ за граѓаните

Повратот на 15 отсто од ДДВ за граѓаните ќе стартува следната година. Како што информира премиерот Заев во тек се подготовките на законските решенија, а за почеток мерката пробно ќе се спроведува во 2 до 3 општини или региони. Ако функционира и ги даде очекуваните ефекти, од јануари 2019 ќе се спроведува во целата држава.
 
Пред една година Заев најави дека со мерката ќе се обезбеди дополнителен приход или плата плус годишно  од 30 000 денари за секое семејство. Враќањето на 15 % од платениот ДДВ на секој краен потрошувач,  беше едно од главните предизборни ветувања на владеачката партија на предвремените парламентарни избори. Беше најавено дека реализацијата  ќе оди преку платежните картички.
 
Според пресметките за да едно семејство добие поврат од 30 000 денари годишно треба да потроши 200 000 за една година, или близу 16 700 денари месечно.