Додик за одлуката на Шмит да ги блокира средствата на СНСД и Обединета Српска: Дали тоа е демократија?

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска во Источно Сараево праша – како е можно со одлуката на високиот претставник Кристијан Шмит да се блокираат средствата од буџетот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и Обединета Српска.
„Дали тоа е демократија? На која основа го прават ова? изјави Додик.
Како што пренесе бањалучкиот весник „Независне новине“, тој наведе дека поради санкциите што претходно му ги воведе САД, платата ја прима по пошта, дека е претседател на РС и дека не зема плата од партијата.
Високиот претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит денеска во Сараево соопшти дека донел одлука да го блокира финансирањето на Сојузот на независни социјалдемократи и Обединета Српска, поради „нападот на Дејтонскиот договор и уставниот поредок на Босна и Херцеговина“.
„Средствата ќе бидат суспендирани и пренасочени на посебна сметка во Централната банка на Босна и Херцеговина“, рече Шмит.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
