Додик во пресрет на пресудата повика на дијалог
Српскиот водач на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, ја отфрли можноста за војна и повика на дијалог во вторникот, ден пред судската одлука за тоа дали е виновен за непочитување на одлуките на меѓународната заедница.
Неколку илјади луѓе се собраа во Бања за поддршка на Додик пред првостепената одлука на Судот на БиХ што се очекува денеска.
На собирот беше и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот поранешен адвокат и градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.
„Претседателот Трамп е запознаен со овој дел од светот и уверен сум дека за четири години ќе развие пријателство со овој дел од светот“, рече Џулијани на митингот.
„Во БиХ не е донесен ниту еден закон според кој јас сум го прекршил уставот. Само урнете го уставот и ќе видите каков е одговорот. Одговорот ќе биде уставен.
Ќе го зачуваме мирот и никој од нашите мажи и жени нема да оди во војна“, им рече Додик на насобраните.
Подоцна, на прес-конференција тој повика на дијалог, кој е неопходен за стабилизирање на ситуацијата во БиХ. „Националното собрание на Република Српска ќе усвои се што е потребно за тој дијалог.
Отфрлам секаква можност за воен конфликт“, нагласи Додик.
Ново на Сител
-
Планетарна линија на небото деновиве
-
Казнети 120 возачи вчера за брзо возење, 72 за возење без возачка дозвола
-
Обвинета медицинска сестра од Австралија, најдено видеово кое кажува дека нема да лекува Израелци и дека ќе ги „убие“
-
Мицкоски: Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата
-
Полицијата пронашла 31 дете во куќа во Брчко, уапсени три лица за трговија со луѓе
-
Мицкоски во Неготино
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-
16-годишник од Куманово со „ауди“ удрил во бетонска ограда од куќа и се здобил со тешки телесни повреди