Додик осомничен за купување на вила на Дедиње во Белград
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик на 2 април треба да се појави во Обвинителството на Босна и Херцеговина во својство на осомничен во истрагата за купување на вила на Дедиње во Белград, објавија босанските медиуми.
Додик во март 2022 година беше сослушан џс купување на вилата но, не може да се поведе обвинение против него додека не биде сослушан за сите околности за кои го обвинува Обвинителството на БиХ. Тој е осомничен за кривично дело перење пари, примање подароци и други видови поволности, како и злоупотреба на службената положба.
Претседателот на РС ја купил вилата на Дедиње на 14 мај 2007 година за 750.000 евра. Иако тврдеше дека вилата ја платил со пари од заем во „Павловиќ банка“ од Бијелина, беше утврдено дека кредитот од таа банка подигнал една година подоцна, на 27 јуни 2008 година. Барањето за кредитот го заверил со печат на Владата на РС, со која тогаш раководеше.
До 2018 година вилата била издавана на Амбасадата на Израел.
Вилата била изградена во 2005 година и е проценета на 1.260.000 евра.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер