Додик: Нема да има референдум за независност на Република Српска
Нема да се одржи референдум за независност на Република Српска, иако тоа многумина го сакаат, изјави во Москва претседателот на овој ентитет во БиХ, Милорад Додик.
- Ние не сме авантуристи. Но, не ја исклучуваме можноста дека ќе организираме референдум за статусот во случај да не се постигне задоволително решение за нас. Тоа е сосема логично во политичкиот живот, истакна Додик.
Тој нагласи дека на Република Српска најмногу и одговара БиХ да се врати на принципите на Дејтонскиот договор.
- Тоа би била БиХ во која ние би можеле да постоиме, инаку во која било друга БиХ тешко ќе ни биде да останеме, додаде Додик.
Претседателот на РС за време на својот престој во Москва ќе оствари средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а ќе одржи и предавање на московскиот Државен институт за меѓународни односи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата