Додик ја отфрли можноста за прекројување на границите на РС

Претседателот на Република Српска Милорад Додик одлучно ја отфрли секоја можност за прекројување на границите на Република Српска или намалување на нејзините институционални капацитети.
Тој нагласи дека целата негова политичка борба со години наназад не е ништо друго, туку зачувување на РС и надлежностите, кои и се доделени со Дејтонскиот договор.
На прашањето да ја прокоментира изјавата на потпретседателот на Република Српска од редот на хрватскиот народ Јосип Јерковиќ, кој во контекст на федерализацијата го споменува и прекројувањето на границите на РС, Додик рече дека тоа е апсолутно неприфатливо и неизводливо и оти судејќи според досегашните изјави на функционерите на ХДЗ тоа претставува негов личен став.
- Дали Федерацијата БиХ ќе влезе во процесот на федерализација, тоа е прашање за Федерацијата и политичарите, кои таму имаат политичка одговорност, рече Додик.
- Загрижувачки е тоа што оние политички партии од РС, кои со сета сила се свртеа против очигледно личниот став на Јерковиќ, ги премолчуват далеку потешките изјави и постапки на бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, чија нескриена политичка платформа е уривање, а потоа гаснење на РС, оцени Додик.
Јерковиќ вчера изјави дека се надева оти по внатрешното преуредување на БиХ, во рамки на хрватската федерална единица би можеле да се најдат поголемиот дел од Посавина и делови од РС.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
-

Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура
-

САД создаваат 12 милијарди долари залихи во руда - Македонија не ги искористува ресурсите
-

Државата размислува за изградба на државен дата-центар, но ниту една компанија не пројавила интерес за инвестиција
