Доделување сертификати за негувателки на стари и немоќни лица
Во рамки на проект „Креирање на можности за нови вработувања на жената“ денеска ќе бидат доделени сертификати за негувателки за стари и немоќни лица.
Целта на проектот е да се зголеми интеграцијата на долгорочно невработените жени над 40 годишна возраст на пазарот на трудот. исто така, треба да придонесе да се развие и верификува програма за обука за негуватели за стари и немоќни лица, и да се развијат знаења и вештини на долгорочно невработени жени за обезбедување на мобилни социјални услуги за стари лица.
Овој проект е имплементиран од страна на Црвениот крст на Република Македонија, Црвен крст на град Скопје во партнерство со здружението хуманост и Австрискиот Црвен крст. Финансиран од ЕУ, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).
Во негови рамки беше реализирана обука за негователки стари и немоќни лица, во траење од четири месеци. По завршување на обуката, 38 учеснички се стекнаа со верификуван сертификат за негувателки за стари и немоќни лица кој ќе им помогне при понатамошно нивно вработување.
Ново на Сител
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
-
Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон
-
Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин