Македонија
23. October 2015 - 16:51
Доделени стипендии на 500 млади спортисти
Стипендијата „Спортска надеж“ се доделува во форма на плакета и паричен надоместок, кој го зема младиот спортист во текот на 10 месеци во годината во вредност од 20 отсто од просечната плата исплатена во претходната година.
Стимулот на младите од овој тип значи многу за талентираните спортисти да опстанат во битката за градење на професионалниот лик и создавање идни репрезентативци, кои ќе ги бранат боите на државата.
Агенцијата за млади и спорт ја доделува секоја година оваа стипендија на најдобрите млади спортисти до 20 годишна возраст.
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
