Бизнис
23. May 2016 - 19:56

Доделени првите грантови на лицата со инвалидност да започнат сопствен бизнис

Грантови за самовработување во вредност од по 5000 евра добија 30 лица со инвалидност. Тие се првите од вкупно 100 кои годинава ќе им бидат додеделени средства за отварање на компанија и почнување сопствен бизнис.

Според проектот на владата до средината на јуни и останатите 70 лица чии бизнис планови се избрани како најдбри ќе ги добијат неповратните средства.

Грантовите служат за набавка на опрема и репроматеријали за почнување на бизнисот, а избраните лица добиваат и повеќемесечна обука за водење на компанија.

За реализација на проектот владата обезбедува 50 милиони денари. Се очекува годинава со него да се отворат нови 300 работни места.