Доделени првите две решенија за самовработување на лица со инвалидност во Струмица
Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски денеска во Струмица ги додели првите две решенија за самовработување на лица со попреченост од струмичкиот регион, кој ги опфаќа и општините Радовиш, Валандово и Гевгелија. Тие ќе добијат парична помош за набавка на опрема и репроматеријали во висина од 5.000 евра и дополнително по 1.500 евра за по уште две вработени лица.
- На овој начин им овозможуваме на овие лица да ги остварат своите соништа, да имаме успешни бизнис приказни. Досега во првиот дел доделивме 32 решенија, денес уште две, ни остануваат идната недела да ги доделиме останатите решенија до 85 бизнис планови кои беа оценети како успешни. Потоа до 10 јули да ги регистрираме бизнисите, за да може да ги добиваат средствата за набавка на опрема и репроматеријали, рече Попоски.
Тој посочи дека активен е огласот за самовработување на инвалидни лица. - Отворени се огласи за обуките за странски јазици и компјутери, како и за напредни ИТ- вештини за јава или за мајкрософт веб портали кој завршува утре, рече Поповски.
Во текот на септември-октомври-ноември, додаде, ќе има повторно оглас за напредни ИТ вештини.
- Тука е и проектот „Македонија вработува 2“. Во наредните денови ќе бидат усвоени законските измени и сите компании и граѓани ќе може да ги искористат бенефициите. Во првиот проект најголеми корисници беа малите и микро компании, односно самовработувањето. Тие добија ослободување од социјални придонесе во период од 3-5 години. Кај категоријата до 35 години добија ослободување од персонален данок во траење од 3 години. Ослободување на персонален данок следува и кај оние кои ќе основаат фирма, или една година биле евидентирани како невработени, а добиле вработување кај работодавач кој ќе се ослободи од плаќање персонален данок 3 години, нагласи Поповски.
Директорот на АВРМ прецизира дека ослободувањето од персонален данок изнесува 37 проценти, или најмалку пет илјади денари месечно, а најмногу од 10.800 денари за висина на просечна плата во Македонија.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени