Македонија
2. September 2015 - 14:20

Доделени нови 60 решенија за легализација на дивоградби во Гази Баба

Општина Гази Баба со денешните 60, има доделено околу 5.644 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица, од околу 16.000 поднесени барања за легализација од страна на граѓаните.

Како што соопштија денеска од општината, воведени се повеќе технички мерки за подобрување на динамиката на решавање на предметите, преку тимовите формирани да постапуваат по барањата за легализација, кои се составени од вработени во општината и дополнително ангажирани волонтери.

Решенијата ги додели градоначалникот Тони Трајковски.