Доделени наградите за литературни творби на тема „Струмички карневал“

Градската библиотека „Благоја Јанков-Мучето“ во соработка со Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, ги додели наградите за најдобри литературни творби со тема за карневалот.
Од Библиотеката информираа дека на конкурсот пристигнале 95 творби во три категории: за возрасни автори, за средношколци и за млади творци од основните училишта. Годинава имало и неколку творби од ученици од прво до петто одделение. За наградите одлучија вработени во Библиотеката: Тања Гошева, Аница Милева-Глигорова и Васка Кирова.
Во категоријата ученици од прво до петто одделение единствена награда и е доделена на Андреа Маказлиева од ООУ „Видое Подгорец” од Струмица.
Во категоријата за основци од петто до деветто одделение, првата награда ја делат тројца ученици: Марија Витанова и Тиме Крстев од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица и Ивана Крстева од ОУ „Гоце Делчев“ од Велјуса. Втора награда во категоријата основци добија: Ванеса Стојкова од ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, Александра Стоилова од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ од Иловица и Стефан Плавчев од ОУ „Гоце Делчев“ од Велјуса. Третата награда меѓу основците им е доделена на Мирјана Алачева од ООУ „Маршал Тито“ од Муртино и Стефани Стојанова од ООУ „Борис Трајковски“ од Моноспитово.
Во категоријата средношколци првонаградени се: Симона Гошева од СОУ „Никола Карев“ од Струмица, Адријана Димовска и Костадинка Витанова од СОУ „Јане Сандански” од Струмица, а втора награда доби Јовица Петров од ПСУ „Јахја Кемал” од Струмица.
Во категоријата возрасни автори, првонаградени се Ирена Стевановска од Крива Паланка и Ице Беличев од Струмица, а втората награда и е доделена на Наташа Цонева-Лазаревска од Струмица. Пофалници им беа доделени на деветмина ментори.
На фестивалската програма вечер во Домот на културата „Антон Панов“ ќе биде отворена изложба на фотографии „Струмички карневал“, а потоа ќе почне Концерт под маски на ОМУ „Боро Џони“ од Струмица.
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
