Доделени наградите на УСАИД за граѓанско учество
Сенада Сали, Марија Павлеска и Сојузот на извидници на Македонија се добитници на Наградата за младинско учество за 2017 на проектот на УСАИД за граѓанско учество за нивниот придонес во развојот на своите заедници.
Наградата за извонреден придонес за младинско учество во 2017 во поединечна категорија и беше доделена на Марија Павлеска, театарски работник и на Сенада Сали, адвокат, а Сојузот на извидници на Македонија ја доби наградата во категоријата на младински граѓански организации за извонредниот придонес во решавањето на прашањата од јавен интерес преку организирање на локални иницијативи на национално ниво.
Директорот на канцеларијата за општ развој на УСАИД, Едвард Гонзалез ја пофали Марија Павлеска за нејзината посветеност во промовирање на активизмот преку уметноста.
- Таа успешно ги спои своите две пасии, уметноста и активизмот и преку театарските претстави водеше кон создавање на алтернативен простор за решавање на прашања од јавен интерес, кажа Гонзалес.
Тој ѝ оддаде благодарност на Сенада Сали за издигнување на ранливата ромска заедница во Македонија.
- Таа е првата жена Ромка и адвокат во Европскиот центар за права на Ромите. Таа беше од суштинско значење за обелоденувањето на сексуалната експлоатација на девојчињата Ромки од вработени во државните органи за социјална работа, што доведе до судско гонење на неколку поединци и институции. Таа се бори за правда за затворениците Роми, принудно протераните Роми, децата Роми кои се предмет на сегрегација во училиштата и ромските семејства кои имаат потреба од правни ресурси, рече Гонзалез.
Додека ја доделуваше наградата на Сојузот на извидници на Македонија, тој ја потврди нивната способност да размислуваат глобално, а да делуваат локално, спроведувајќи најдобри светски практики кои се прилагодени на локално ниво.
Проектот на УСАИД за граѓанско учество е петгодишна иницијатива која има за цел да го зајакне капацитетот на граѓанските организации и на младинските групи за да се унапредат јавните политики, да се подобри квалитетот на јавните услуги, да се промовира добро владеење.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка -12 степени, над нулата само во Велес и Гевгелија
-
Агенцијата за храна на ОН предупреди дека намалувањето на финансирањето е „смртна казна“ за милиони
-
Активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово - Попова Шапка
-
Собранието ќе ја одржи новата 43. седница
-
Нема да има реконструкција на Влада пред локалните избори, уверува премиерот, превирања во коалицијата „Вреди“
-
Прва седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата
-
Пленковиќ: ЕУ и Хрватска нема да воведат санкции за претставниците на Република Српска
-
Трамп: Русите ја бомбардираат Украина како луди