Доделени 32 зелени знамиња за нај еко училиште за 2014/15 година
На седмиот Еко-самит во организација на Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО кој се спроведува во сите градинки, основни и средни училишта во Република Македонија денеска беа доделени наградите кои претставуваат меѓународни сертификати за исполнување еко стандарди во работата на училиштата и градинките.
Според критериумите на конкурсот „Како да се стане еко-училиште“ за учебната 2014/2015 година наградени беа 32 апликации за зелено знаме, шест за сребрено ниво, една за бронзено ниво и две препораки за статус.
Алескандра Младеновска-Костиќ, национален кординатор за програмата еко-училиште и програмски директор од ОХО, информира дека според прашалник кој бил испратен до училиштата и градинките, за кој одговор добиле од 200 институции, досега се иницирале над 2.000 еколошки акции.
- Од еколошките акции во 2014/15 година во училиштата и градинките досега се собрани 7 милиони и 312 килограми стара хартија, 260.124 килограми пластика, еден милион и 940 литри техничка вода, а засадени се и над 25 илјади садници, истакна Младеновска-Костиќ.
Според податоците од анкетниот лист, училиштата и градинките во однос на минатата година заштедиле вода од 12.60 проценти, заштеда на струја 2,86 отсто и заштеда на нафта 11,44 проценти.
На конкурсот, кој е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, право на пријавување имале 48 градинки, 320 основни и 100 средни училишта.
Ново на Сител
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО