-->
-->
Додека го рушеше рекордот на Батистута му го ограбиле домот
-->

Семејниот дом на напаѓачот на Рома, Един Џеко, бил ограбен во средата, додека тој го играч првенствениот натпревар против Сасуоло. Во моментот на грабежот во домот на Џеко биле неговата сопруга Амра и двете ќерки Софија и Уна.
Един Џеко, во средата, го израмни рекордот на легендарниот Габриел Батистута, откако со двата гола кои ги постигна против Сасуоло стигна до бројката од десет голови во исто толку натпреври.
Но по победата, со која Рома се искачи на второто место во Серија А, Џеко ја дознал непријатната вест, дека неговиот дом бил мета на крадец или крадци.
Во грабежот од домот на репрезентативецот на БиХ биле однесени 500 евра и неколку дизајнерски ташни.
Сопругата на Џеко, Амра, кога слушнала дека некој има во домот веднаш повикала полиција, која соопшти дека истрагата е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
