Македонија
27. јуни 2020 - 16:24

Додека ечат бомби партиите ветуваат право и правда

Прочистување на судскиот систем со разрешување на корумпирани судии и обвинители, проверка на пресуди и имотна состојба, ветува лидерот на владејачката СДСМ, во пресрет на десеттите парламентарни избори.

СДСМ ветуваше целосен реизбор на судиите и во претходниот мандат, но Заев вели дека до тоа не дошло бидејќи не добиле зелено светло од Европската Унија.

Екс премиерот најавува дека доколку неговата партија дојде на власт, секој петти вработен во јавната администрација ќе добие отказ, а целосно ќе се укинат и патните трошоци на пратениците.

Мицкоски кој денеска е во Кочани вели дека времето покажало дека СДСМ не реализира ништо од тоа што ветува. Според него, актуелната власт воопшто не е заинтересирана за напредок на државата туку се фокусира на лично богатење.

Во пресрет на вечерниот собир, Мицкоски вели дека неговата партија во Кочани ќе се фокусира на проекти од земјоделието.

На стартот на четвртиот ден од предизборната кампања и двајцата политички лидери најавуваат позитивна промоција на своите проекти, иако и денеска, ниту еден од нив се воздржа од критиките кон противникот.