Македонија
14. April 2018 - 12:57

Додека чекал автобус ограбил две лица - скопската полиција го уапси крадецот

 Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.С. (51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела “кражба“. На 04.04.2018 година околу 19.40 часот на автобуска постојка на ул. „Димитрије Чуповски“ пријавениот го искористил невниманието на две лица. Од едното лице одзел паричник со лични документи, банкарски картички и пари, а од другото лице одзел службена легитимација за физичко обезбедување од агенција за обезбедување. С.С. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Центар. Во разговор со полициските службеници тој го признал делото, а веднаш потоа одземените предмети им биле вратени на оштетените.