Доцни есенската сеидба во струмичко
Есенската сеидба во струмичкиот регион ќе доцни. Неповолните временски услови и долгиот сушен период се главната причина поради која ќе биде пролонгиран рокот за сеидба , пред се на житните култури. Причина плус за пробивање на оптималните рокови кои вообичаено почнуваат околу средината на октомври е таканаречената ротацијата на површините кои претходно биле засадено со други култури а сега се планираат за некоја од житните. Од агенцијата за поддршка на развојот на земјоделието велат дека поместувањето на роковите значи и и зголемување на потребните количини на семенски материјал што ќе придонесе и за зголемени производствени трошоци.
,, Немаме доволно влажност на површините за таквата обработка за есенска сеидба. Сметаме дека нормите за сеидба остануваат како што се. Што понатаму се продолжуваат и оптималните рокови, се пробиваат, значи се покачуваат и нормите за сеидба по килограм или по единица површина.,, вели Стојан Глигоров – АПРЗ - Струмица.
Најголемиот дел од површините кои ќе бидат опфатени со есенската сеидба во струмичко ќе бидат засадени со пченича и јачмен, додека останатите култури се застапени во помал процент.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар