Бизнис
14. November 2018 - 21:34

Доцни есенската сеидба

Оптималните рокови поминаа,  а најголемиот дел од површините за есенска сеидба се уште не се подготвени. Топлото време и долгиот сушен период  ги забави, а во одредени региони и целоно стопираше сеидбените активности, пред се на житните култури. Проценките велат дека од планираните околу 150 000 хектари кои секоја година се садат со зимски форми на житни растенија до сега посадени се само 30%. Останатите 70% чекаат поволни времески услови. Задоцнетата сеидба ќе значи и поголеми производствени трошоци, пред се  поради зголемените количини за семенски материјал.

- Имајќи во предвид дека веќе се одминати некои десет до петнаесет дена од овие оптимални рокови мора да се оди со зголемување на количината на семенски материјал кој што се користи по единица површина во однос на оној оптимална количина што е предвидена.

Неповолните временски услови освен што ќе ги зголемат трошоците може сериозно да се одразат и на квалитетот, но и на самиот принос од житните култури.

- Ние и во оптимални години со производството не ја  остваруваме реално потребната количина за Република Македонија, така што во овој момент, во овие моменти,  со ваквото доцнење секако дека покрај квантитетот тоа може да се одрази, задоцнети фено - фази можат да се одразат и врз крајниот ефект.

Доколку продолжи сушниот период освен производителите на житни култури, со проблеми пред се поради слабата влага во почвата може да се соочат и рано градинарите .