Македонија
7. November 2019 - 16:35

Доцни дисперзирањето на зависниците од центарот во Кисела Вода, што требаше да се случи до 1 ноември

Ништо од најавите  зависниците од Центарот во Кисела Вода на почетокот на ноември да земаат метадон во дисперзирани пунктови. Министерот Филипче пред еден месец изјави дека имаат план и распоред на лекарски тимови по кои ќе функционираат поликлиниките Јане Сандански и Ченто каде според првичните анализи требаше да бидат префрлени околу 140 корисници на метадонска терапија.

Од први ноември се надевам дека тоа ќе функционира на терен. Се правеше распоред на зависниците кој и каде ќе оди сопгласно местото на живеење, се правеше распоред и на експертите како ќе бидат дистрибуирани на тие места, изјави Венко Филипче, министер за здравство на 9-ти минатиот месец.

Но реализацијата доцни и засега нема информација од надлежните институции кога конечно ќе биде решен овој  20 годишен проблем.  И наместо најавите за овој месец, од Министертвото за здравство сега со одговор дека дисперзијата ќе ја решавале етапно.

Дисперзијата ќе се врши етапно. Комплетно сде опремени и екипирани со соодветен медицински кадар центрите во поликлиниките Јане Сандански и Ченто. Во болницата во Бардовци уредувањето на просторните капацитети е пред крај. Во секој пункт ќе бидат третирани од 60 до 80 пациенти, велат од Министерството за здравство. Според информации на Сител, процесот е пролонгиран бидејќи имало проблеми околу распределбата на зависниците.

Оваа година се нудеа неколку решенија за зависниците во Кисела Вода по протестите и блокади на улици во оваа општина за дислокација на Центарот. Со протести реагираа и жители од Аеродром и Ченто кога беше донесена одлуката за дисперзирани центри во двете поликлиники.

И додека здравствените власти прават планови, повеќе од 500 тини зависници се уште остануваат во Центарот во Кисела Вода каде тамошното население секојдневно се соочува со непријатна глетка на расфрлани игли и шприцеви кои се опасност по нивното здравје.