Македонија
14. October 2020 - 19:07

Доцни денешната статистика за новозаразени од Ковид-19, Министерството за здравство чека податоци од ИЈЗ

Министерството за здравство вечерва испрати извинување до медиумите и јавноста за денешното доцнење со информирањето за состојбата со Ковид-19 во нашата земја.

– До овој момент сѐ уште не е испратена дневната статистика од Институтот за јавно здравје. Веднаш штом пристигне дневниот извештај, истиот ќе биде проследен до јавноста, информираат од Министерство за здравство.