Добро расположение и позитивен став имаат земјите членки на ЕУ по објавување на извештајот на ЕК за Македонија
Добро расположение и позитивен став имаат земјите членки на ЕУ, по објавување на извештајот на ЕК за Македонија, рече хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, кој е во посета на Македонија. Тој истакна и дека Хрватска како актуелен претседавач со унијата не седи со скрстени раце, туку активно работат и преговараат и со скептичните земји Франција, Холандија и Данска да се почнат преговорите со Македонија и Албанија.
Министерот за надворешни Никола Димитров, пак истакна дека Земјите членки на ЕУ оцениле дека извештајот на ЕК за Македонија е реален и ги исполнуваме условите за старт на преговори со унијата. Но и дека допрво ќе ги чуе ставовите на земјите членки кои во октомври на Македонија и Албанија не им дадоа зелено светло за датум за преговори.
Елена Милошевска
Ново на Сител
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Тајланд и Камбоџа разменија оган во близина на спорната граница
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода
-
Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава
-
Сончево и многу топло со температура до 43 степени
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар