До вторник трае аплицирањето за субвенциониран студентски оброк
До 31 август трае аплицирањето за субвенциониран студентски оброк, нова бенефиција за студентите во износ од 2.400 денари. Досега аплициале околу 12 800 студенти и првата исплата се очекува на 5 октомври, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска која ги повика студентите да се пријават на конкурсот кој завршува во вторник.
За кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2021/2022 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување ќе биде од 1 до 31 октомври 2021.
При посетата на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Царовска на средба со студенти и претставници на Универзитетското студентско собрание на УКИМ ги запозна и за други новини за подобрување на студентскиот стандард – воведените нови стипендии и зголемените износи на постојните како резултат на нивни барања.
Нагласи дека субвенционираниот со студентски оброк на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето, затоа што, според проценките на МОН, на околу 40 000 студенти им следува правото да добијат по 2400 денари за девет месеци во годината, што ќе можат да ги користат за купување здрави оброци. Пријавувањето се спроведува електронски преку порталот .e-uslugi.mon.gov.mk, со прикачување на два документа – пријава и изјава за точност на податоци, и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.
– Со оваа мерка, младите имаат една грижа од финансиска природа помалку за време на студирањето и ќе може повеќе да се посветат на суштината на процесот на едукација, рече Царовска.
Информираше дека наскоро ќе следува аплицирање за остварување на правото на студентска стипендија, а годинава МОН и Владата одлучија политиката на стипендирање значително да ја променат, за да се обезбеди што поголема поддршка на поголем број млади кои студираат на додипломски, постдипломски и докторски студии во државата.
– Годинава значително ги зголемивме износите на постојните стипендии. Сега сите се во висина од 6.050 денари месечно. За некои категории тоа значи зголемување за над 80 отсто од износот кој се исплаќаше досега. Непроменети останаа само стипендиите за студенти запишани на студии по математика, хемија и физика кои и натаму ќе добиваат по 18.000 денари месечно, рече Царовска.
Потсети и дека првпат се воведени стипендии за трет циклус на студии за одредени дефицитарни струки, за што се предвидени 15 стипендии од по 18.000 денари за 12 месеци во годината, а по една деценија, повторно достапни се и стипендиите за постдипломски студии во државата, за што е предвидено да се доделат 50 стипендии од по 9.000 денари за девет месеци во годината.
Ова одлука на МОН во изјава за медиумите ја поздрави претседателката на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Ева Цветковска.
Ново на Сител
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите
-
Прегазена 78-годишна жена - сторителите фатени преку видео снимки