До ублажување на климатските промени најверојатно нема да дојде, тврди експерт

До посакуваниот степен на ублажување на климатските промени најверојатно нема да дојде бидејќи потрошувачката на енергија не се ограничува во согласност со Парискиот договор, вели климатскиот експерт Вофганг Крамер.
На дводневната средба на новинари од Медитеранот кои ги настаните поврзани со животната околина, Крамер потсети дека употребата на енергија е „срцето на актуелните климатски промени“, и изнесе проценки дека според плановите на владите таа до 2030 година ќе се зголеми за 40 отсто, додека поодлучни политики би требале да го задржат растот на потрошувачката на енергија на 20 отсто.
– Потрошувачката на енергија, според конзервативно сценарио до 2030 година на Средоземјето би можела да надмине 1,4 милијарди тони еквивалентна нафта, додека проактивното сценарио налага потрошувачка малку поголема од 1,2 милијарди, вели Крамер.
Тон еквивалентна нафта е количина енергија која се ослободува со спалување на еден тон стурова нафта и изнесува околу 11.630 киловат часови.
Крамер додава дека без целосно исфрлање на јагленот од прозводствот на енергија до 2050 година, за што исто така е потребно значително намалување на употребата на енергија, на Медитеранот нема да биде можно да се постигне одржлив развој.
Климатските промени посебно го засегаат Средоземјето, каде просечната годишна температура на воздухот се зголеми за 1,6 Целзиусови степени во однос на 1880 година, додека светскиот просек е 1,2 Целзиусови степени , изјави тој.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
