Свет
21. April 2016 - 14:20

До што сè има пристап и за што се се жалеше Брејвик во затвор?

 
Од пред три години, Андерс Брејвик издржува казна од 21 година во норвешкиот затвор Скиен, за масакар на 77 луѓе. Токму за престојот во овој затвор, Брејвик ја доби тужбата против државата, за нарушување на неговите човекови права.
Тој се жалеше на одлуката да биде изолиран од другите затвореници, на претерана употреба на лисици, како и дека честопати бил претресуван и буден во текот на ноќта. Судските власти појаснија дека човековите права се основна вредност на демократското општество и тоа се однесува и на терористи и на убијци, и на државата ѝ нареди да му исплати 40 илјади долари на Брејвик.
 
Целиот овој случај предизвика негативни реакции за интернационално ниво, од причина што повеќекратниот убиец добива многу подобар третпат од што заслужува еден ваков човек.
 
 
 
За појасна слика на она што го добива Брејвик, погледнете и прочитајте до што има пристап тој, додека ја издржува казната.
 
 
Листа на нешта до кои има пристап:
 
1. Три ќелии: Една за спиење, една за вежбање и една за учење и читање.
 
2. Пристап до дворот за вежбање на затворот.
 
3. Има дозвола да си готви сам и сам да си ги пере алиштата.
 
4. Право на регуларен контакт со семејството, вклучувајќи и приватни телефонски разговори со пријателка.
 
5. Пристап до адвокати, свештеник, доктори и други вработени во затворот.
 
6. Весници, телевизија и конзола за видо-игри, PlayStation 2. 
 
7. Дозвола да учествува во натпревари и прослава на празници во затворот.
 
8. Компјутер (без пристап до интернет)
 
 
 
Листа на нешта за кои наводно се пожалил:
 
1. Видео игрите за Playstation 2 му се застарени и „не се за возрасни“.
 
2. Не сака да јаде со пластичен прибор.
 
3. Не сака да пие ладно кафе.
 
4. Сака да има дозвола да ја користи рерната за да си направи пица.
 
5. Сака пристап до интернет.