До крајот на школската година ќе бидат затворени училиштата во Њујорк
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, рече дека јавните училишта во градот ќе останат затворени до крајот на учебната година поради епидемијата на коронавирус.
„Тешко ми е што морам да ви кажам дека нема да бидеме во можност да ја организираме работата во училиштата до крајот на годината, но можам да ви кажам дека тоа е вистинската работа која треба да се направи во ваква ситуација“, рече Де Бласио на прес-конференција.
Тој на 16 март донесе одлука за затворање на јавните училишта со цел да се спречи ширењето на вирусот, а според првичниот план училиштата требаше да бидат повторно отворени до 20 април.
Сепак, градоначалникот вели дека сега е јасно оти ваквата поставената цел била нереална бидејќи Њујорк е главно жариште на епидемијата во САД.
Според универзитетот Џон Хопкинс, во САД, коронавирусот е потврден кај 501.680 лица, додека 18.780 починале.
Во градот Њујорк има 5.820 потврдени смртни случаи од Ковид-19.
Ново на Сител
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027