До јуни обнова на регионалниот пат Дојран-Николиќ, инвестиција од 1,1 милион евра
До јуни годинава се очекува да завршат градежните работи за обнова на регионалниот пат Дојран - Николиќ, во должина од 5,5 километри, инвестиција од 1,1 милион евра.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој денеска изврши увид во градежните активности, истакна дека е задоволен од динамиката на изградбата на регионалниот пат како значајна врска за двете населени места.
- Овој пат пат беше едно од ветувањата пред граѓаните на општина Дојран. Според динамиката на работа, задоволен сум како се одвива реконструкцијата и очекувам дека градежните работи ќе завршат и пред предвидениот рок, некаде во јуни, изјави министерот Мисајловски.
Вкупните инвестиции во патната инфраструктура во Дојран се околу пет милиони евра.
Како што најави директор на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов, годинава ќе се изврши и осветлување на целиот пат од Стар Дојран до границата со Грција, што ќе чини од 100.000 евра.
Според градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов, реконструкцијата на овој регионален патен правец е многу значајна за општина Дојран и ќе придонесе за подобрување на туризмот во овој дел на градот.
Ново на Сител
-
Кавадарчанец силувал 26-годишна девојка
-
Вучиќ: Зголемени дејствија на авиони и беспилотни летала со извидувачки намери кон Србија
-
Се тепале татко и син во Куманово, употребен е и нож
-
Загина 35-годишник во сообраќајка на автопатот кон преминот „Богородица“
-
Приватните автобуси до петок ќе возат само до 10 часот наутро
-
И утре посвежо со локален пороен дожд, од петок затоплување
-
Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути
-
Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници