До Џафери пристигна барањето за повлекување на потписите од 17 пратеници
Кабинетот на претседателот на Собранието попладнево соопшти дека е пристигнато известување со кое 17 пратеници ги повлекуваат потписите од иницијативата за доверба на Владата.
– Информираме дека до Претседателот на Собранието на Република Македонија е доставено Известување за повлекување од потписници на материјалот Прашање за Доверба на Владата на Република Македонија со вкупно 17 потписи на пратеници и истото ви го пуштаме за Ваше информирање во прилог, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието.
Со ова, ревидираниот список, со кој опозицијата бара изгласување на недоверба на Владата, има потписи од 17 пратеника помалку. Ова е направено заради тоа што пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи побара повлекување на потписите на пратениците од Левица како услов неговиот потпис да остане на списокот.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи на 61 пратеник од кои покрај ВМРО-ДПМНЕ се и пратеници на Алијанса, Алтернатива, Беса и на Левица. Иницијативата уследи откако премиерот, заклучно со понеделникот не поднесе оставка најавена по локалните избори.
Ново на Сител
-
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
-
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
-
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот Исток
-
Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“
-
Го следеле, нападнале и му одзеле илјадници денари- Двајца осомничени за разбојништво
-
Сиљановска-Давкова прими американски и македонски професори кои соработуваат во областа на археологијата
-
Расте јазот меѓу богатите и сиромашните во Европа: Шведска е најнеправедна според распределбата на богатството
-
Иран и Израел продолжуваат со меѓусебните напади, нема знаци за деескалација