-->
-->
До два милијарди евра ќе се зголеми финансирањето на Грција од ЕБРД
-->

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе го зголеми финансирањето на Грција во 2018 година до две милијарди евра, изјави директорот на банката за Грција и Кипар Сабина Џиурман, пишува весникот „Етнос“.
Таа истакна дека ЕБРД одредила над една милијарди евра за да помогне за економскиот раст на Грција, но во таа сума не се вклучени финансиските линии за трговија.
- Оваа година ќе направиме повеќе отколку во 2016 година и планираме да стигнеме до две милијарди евра во текот на следната година, наведе Џиурман.
ЕБРД ќе инвестира во Грција до 2020 години и поради ограниченото време брза со инвестициите.
Досега банката обезбедила 250 милиони евра со цел да помогне за рекапитализација на четири водечки грчки банки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
