До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
- Старата скопска чаршија е од посебно значење за целата држава. Додека за третата фаза од плоштадот Скендербег има одлука да се изгради подземен паркинг за 400 возила, што ќе го реши главниот проблем за Старата скопска чаршија и ќе го заокружи проектот плоштад Скендербег. Инвестицијата на проектот е околу 20 милиони евра. Битно е дека Чаршијата ќе биде попристапна за граѓаните и за туристите. Тука има 700 дуќани и се важен економски капацитет за државата и економијата, рече вицепремиерот.
Меџити нагласи дека работат на решавање на проблемот со паркинг места во Старата скопска чаршија.
- Владата донесе одлука да го реши главниот проблем на Старата скопска чаршија, а тоа е паркирањето. Воедно, работиме во две насоки – прво да се ослободи паркингот до хотел Буши каде има паркинг за 100 коли и кој 30 години не функционира бидејќи е претворен во магацин. Заедно со министерот за култура и со директорот работиме тој да се ослободи и да има нови 100 паркинг места, рече Меџити.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата