До 31 август аплицирање за субвенции за оризова арпа
Рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведена и продадена оризова арпа е во тек и ќе трае до 31 август 2016 година.
Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои произвеле оризова арпа од реколтата 2015 година и ја предале во регистрирани откупни претпријатија од 1 јули до 31 јули 2016.
Висината на директните плаќања е пет денари по килограм за пријавена површина со ориз до два хектара, четири денари по килограм за пријавена површина со ориз од два до 10 хектари и три денари по килограм за пријавена површина со ориз над 10 хектари.
При пресметка на финансиската поддршка се земаат предвид количините кои не надминуваат 5,5 тони по хектар.
Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со доставување потврда за предадена оризова арпа која ја издава откупното претпријатие.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
-
Се уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони
-
Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја подготвиме заедно со граѓаните, очекувам поддршка од сите политички партии
-
Предлог притвор за лице осомничено за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје
-
Ангелов: Нема опасност за жителите од пожарот над Чучер, да не се шири паника
-
Приведено лице кое пукало кон полицајци во битолско
-
МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце
-
Муцунски - Велдкамп: Холандија е меѓу најголемите билатерални донатори во клучни области за земјава