До 2030 ќе се зголемуваат нуклеарните капацитети во светот, прогнозира МААЕ
Нуклеарните капацитети во светот ќе се зголемуваат најмалку до 2030 година, иако Европа го намали темпото по несреќата во Фукушима, но во Азија се очекува значителен подем, покажува анализата која денеска ја објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Дотогаш инсталираните нуклеарни капацитети најверојатно ќе се зголемат најмалку за 1,9 отсто и на светско ниво ќе достигнат 390,2 гигавати наспроти 382 гигавати во 2015 година, покажуваат најпесимистичките прогнози на агенцијата со седиште во Виена, пренесува БТА.
Иако ограничен, овој пораст ќе наложи изградба на „150 гигавати нови капацитети во текот на следните 15 години“ поради стареењето на техниката на глобално ниво - „над половина од активните 450 реактори, веќе се стари над 30 години, забележува МААЕ.
Значително забавено по несреќата во Фукушима (Јапонија) во 2011 година, развојот на нуклеарната енергија ќе биде најголем во Кина и Јужна Кореја, а објектите на Далечниот Исток ќе достигнат најмалку 132,2 гигавати моќност наспроти сегашните 93,8 гигавати.
Моќноста на Блискиот Исток и Јужна Азија, исто така се очекува да се зголеме најмалку на 27,7 гигавати наспроти 6,9 гигавати во 2015 година, при што водечка земја ќе биде Индија.
Дефинирана како „внимателна, но веројатна", оваа прогноза - варијанта минимум, пресметана е врз основа на ниските цени на гасот, падот на цените на енергија од обновливи извори и суштинскиот економски раст, исто така, обезбедува намалување на моќноста во Источна Европа и во западните земји, односно во традиционалните нуклеарноенергетски држави.
Иако во моментов се градат седум реактори во Русија и две во Белорусија, моќноста на нуклеарниот парк во Источна Европа може благо да се намали - на 49,9 гигавати наспроти денешните 50,5 гигавати, смета МААЕ.
Поголем пад се очекува во Северна Америка, каде што според најниската прогноза моќноста ќе се намали на 92,5 гигавати наспроти сегашните 112,7 гигавати.
Според сите сценарија моќноста на објектите во Западна Европа ќе се намали. „Откако Германија ја напушта нуклеарната енергија како последица на инцидентот од Фукушима, најниската прогноза предвидува енергијата во регионот да се намали на 77 гигавати во 2030 година наспроти актуелните 112,1 гигавати. Високата прогноза е пад до ниво 111,8 гигавати", прецизира МААЕ.
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица