До 15 часот во Дебар 17 отсто, во Центар Жупа 12 отсто излезеност
Според Општинската изборна комисија во општина Дебар до 15 часот правото на глас го искористиле 17 отсто од вкупниот број гласачи, што е за 13 отсто помал процент споредено со првиот изборен круг за претседателските избори.
– До 15 часот гласаа 3.065 лица. Гласањето,во сите 27 избирачки места се одвива во најдобар ред,нема никаки приговори и забелешки и се надевам дека така ќе биде до крајот на гласањето, односно до 19 часот кога треба да бидат затворени избрачките места, изјави Елмира Бакали, претседателка на ОИК на Дебар.
Во оваа општина, на 21 април, кога заедно со првиот круг претседателски избори се спроведоа и предвремени избори за градоначалник, до 15 часот излезноста беше 30 отсто или правото на глас го искористиле 5.312 лица.
Денешниот изборен процес без проблеми минува и во општина Центар Жупа, каде се гласа на 16 избирачки места, седум во Центар Жупа, а останатите во другите населени места.
Според претседателот на ОИК, Еран Зубер до 15 часот правото на глас го искористиле 831 или околу 12 отсто од вкупно запишаните во единствениот избирачки список, што е поголем процент споредено со првиот круг од гласањето.
На 21 април, до 15 часот, во оваа општина гласале 679 или 10 отсто.
Ново на Сител
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања