Македонија
9. February 2016 - 17:21

Дневник: Заев подгрева тензии пред стартот на судењето

СДСМ сеуште молчи дали Заев има некави  докази за случајот Диво Насеље или пак само манипулира со јавноста. Нема објаснување од Бихаќка по изјавата на лидерот,  дека за кумановските настани на 9 10 мај била  виновна власта. Само 5 дена пред денешното  судењето за обвинетите во случајот,за  Заев случајот стана повторно актуелен. Тој пред граѓаните во Капиштец обвини дека власта е таа која ги организирала настаните во Кумановската населба.

Одговор за тешките обвинувања од Заев , нема од Бихаќка. Дневник побарале објаснување што сакал да каже лидерот на СДСМ со таквата осуда, за какви докази се работи , дали можеби тој поседува некакви  или пак ги видел истите?

Молкот од партијата  остава простор да се носат  логични  заклучоци во недостиг на објаснување пишува Дневник.  Последен пат во официјална изјава пред новинарите Заев ги спомена теориристичките напади на почетокот од декември ,а  прв пат по повеќе од два месеци, за лидерот на СДСМ случајот е повторно актуелен. Дали неговата  намера е да  бидат предизвикани тензии за политичка корист или постои друга вистина за која јавноста не знае, а треба и има право да слушне ,партијата не се огласува,  пишува Дневник.  Во вакви околности весникот констатира дека е  логична намерата за кревање тензии . До сега немаше реакции од надлежните државни органи вклучени во истрагата и не се знае дали ваквите изјави на Заев имаат некакво влијание во целиот процес. Ниту неговиот генерален секретар Оливер Спасовски кој е поставен за  техничкиот министер на МВР до сега не зборувал за некакви поинакви сознанија за истрагата.

Целиот процес околу судењето кое почна денеска за 29мината обвинети до сега се одвива нормално, а секоја изјава, неоснована констатација и осуда од лидерот на опозицијата за 28 часовната жестока борба во која загинаа  храбри припадници на безбедносните служби, отвора рана и ги подгрева тензиите.  Дневник потенцира,   јавноста не смее да заборави дека токму Заев е тој кој често го менуваше мислењето за нападите во Куманово. Според него еднаш за нападот била  виновна власта, за по неколку месеци да се предомисли и рече дека всушност се работело за терористи  повратници од Сирија. Пред 5 дена Заев повторно се предомисли и   вината ја префрли на власта.