Македонија
26. May 2016 - 16:29

ДНЕВНИК: Ако Заев поднесе барање Иванов може да ја повлече абоилицијата за Глобал

Доколку Заев поднесе официјално барање до Претседателот Иванов за поништување на аболицијата тогаш случајот Глобал би можел повторно да се врати во судница, пишува Дневник.

Согласно законот, кривичното дело за кое се товареше Заев во случајот Глобал може да резултира со затворска казна од 5 години, а таквите постапки не застаруваат повеќе цели 10 години. Во такви околности Глобал ќе добие апослутна застареност некаде ова лето, но правните експерти сметаат дека аболицијата го спречила кривичното гонење, па во таков случај, обвинителството има уште повеќе од 8 години за постапка против Заев.

Лидерот на СДСМ неодамна на прес конференција најави дека и официјално ќе побара од Иванов да овозможи да почне судскиот процес за трговскиот центар во Струмица, криминал кој според обвинителството тежи околу 8 милиони евра

Случајот Глобал е една од најкрупните коруптивни афери во Македонија. Обвинителството смета дека Заев не ги почитувал одлуките на инспекторатите и градел врз земјиште кое со денационализација требало да им припадне на други лица со што направил криминал тежок 8 милиони евра.