ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. ДКСК препорачува да се преиспита членот што ја регулира обврската за објавување на целокупната документација за јавните набавки согласно Законот за јавни набавки кој предвидува објавување релевантни документи, како и да се допрецизира постапката за констатирање престанок на функцијата на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и неговиот заменик.
Како што истакна членот на ДКСК Софија Спасова која на денешната седница го образложи Извештајот за антикорупцикста проверка на Законот, треба јасно да се разграничи и прекршочната одговорност меѓу раководното и службеното лице за информации во Агенцијата, согласно нивните реални надлежности.
- ДКСК смета дека поимот „целокупна документација“ во однос на јавните набавки не е прецизно дефиниран поради што може да се случи да се објават доверливи информации и повреда на правата на трети лица. Во однос на престанокот на функцијата и разрешувањето на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и неговиот заменик, став 1 предвидува основи за престанок на функцијата пред истекот на мандатот, а според став 2 Собранието на РСМ констатира престанок на функцијата во случаите предвидени во ставот 1. Но, не е пропишан рок, ниту постапка, а тоа овозможува евентуално одолговлекување, селективност и неизвесност во управувањето со институцијата. За прекршочните одредби ДКСК утврди постоење несразмера одговорност. Предвидени се само 500 евра глоба за раководното лице ако не назначи службено лице за посредување со информации и не обезбеди информирање на јавноста за тоа лице, но предвидени се и 250 евра казна за службеното лице за повеќе прекршоци - ажурирање на листата на информации, помагање на барателите, почитување рокови за одговор на барањата,..., укажа Спасова.
Таа се осврна и на имателите на информации каде, исто така се утврдени регулаторни ризици.
- Обврска на имателите на инфорации е редовно да ажурираат листа на информации со кои располагаат и јавно да ја објавуваат, но оваа одредба нема прецизни критериуми за тоа кои информации треба задолжително да бидат објавени, ниту на кој начин и во кој формат, што остава широк дискрециски простор на имателите на информации да одлучуваат што ќе објават и како. Тоа е ризик од ограничена транспрентност со можност за селективно објавување или прикривање на информации од јавен интерес, подвлече Спасова.
Додека ДКСК го изготвувала Извештајот, на ЕНЕР е објавен Предлог-закон за измена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Антикорупциска проверка за текстот не е побарана, рече Спасова, поради што, најави, ако измените се донесат, ќе бидат дополнително разгледани.
Ново на Сител
-
НБ: Прва средба меѓу гувернерот Славески и претставникот на ЕИБ во нашата земја – зајакнување на партнерството
-
Во Полска приведен 19-годишник кој планирал да изврши терористички чин
-
Османи: Ние Албанците не сме гости во оваа земја, туку домаќини
-
Влада: За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози, ги охрабруваме и другите
-
Таравари: Скандалозно, во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци
-
САД го намалуваат бројот на службеници на Блискиот Исток поради зголемени тензии
-
Навивачот хоспитализиран за време на натпреварот Финска – Полска почина во болница
-
Без вода корисниците од улицата „Осло“ во Карпош